Виктор Вембањама/San Antonio Spurs

ВИДЕО | Вемби пишува историја, стана најмладиот и најдоминантниот дефанзивец во историјата на НБА

Ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Вембањама, ја освои наградата за најдобар дефанзивец во НБА лигата, при што постави и два импресивни рекорди.

Со само 22 години, 3 месеци и 17 дена, Вембањама стана најмладиот добитник на ова признание во историјата на НБА. Претходно, најмладите лауреати имаа по 23 години, Двајт Хауард, Џерен Џексон Џуниор и Алвин Робертсон.

Сепак, уште повпечатлив е фактот што популарниот Вемби стана првиот кошаркар во историјата кој едногласно е избран за најдобар дефанзивец. Од можни 100 гласови, тој ги доби сите 100, нешто што не им успеало ниту на легенди како Руди Гобер, Хаким Олаџувон, Дикембе Мутомбо, Денис Родман или Бен Волас.

Досега, најблиску до совршен резултат беше токму Волас, кој во сезоната 2001/2002 освои 116 од можни 120 гласови.

Вембањама целосно ја заслужи наградата со своите настапи бидејќи беше прв по бројот на блокади во регларниот дел од сезоната (197), забележа 66 украдени топки и беше столбот на одбраната на Спарс, која заврши како втора најдобра во НБА според дефанзивниот рејтинг (110,4).

Покрај тоа, тој беше четврти скокач во лигата со просек од 11,5 скока по натпревар, како и втор по број на дефанзивни скокови (9,5), што дополнително ја потврдува неговата доминација.

ВИДЕО | Mинесота со пресврт до победа за израмнување, Денвер загуби на домашен терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот