ВИДЕО: Вардарецот Гаџа им донесе триумф на Хрватите против Исланд
Во претходниот натпревар Исланд изненади многумина со високиот триумф над Франција (29:21), а денеска требаше само да продолжи со добрите резултати на Европското првенство и влезе во сериозна трка за една од позициите во полуфиналето, но тоа не го дозволи отпишаната Хрватска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Исланѓаните беа на добар пат да обезбедат уште еден триумф, во текот на првото полувреме имаа и „плус пет“ позитива (9:4).
Но, како што се ближеше крајот на првите 30 минути паѓаше концентрацијата во составот на Гудмундсон и тоа го искористија „коцкастите“ кои направија голема серија од 8:2 во второто полувреме и водство од 19:14.
Се врати Исланд во финишот со минимална предност од 22:21, но Хрватите не се предаваа и на крајот со голот на Анте Гаџа, членот на Вардар 1961, дојдоа до првата победа во главната фаза (23:22).
The match-winner, by Ante Gadza ?@HRStwitt ?? #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/AdQAo7ABQo
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2022
За Хрватска доминираше Лучин со шест голови, по пет имаа Чупиќ и Мартиновиќ, а на спротивната страна шест погодоци запиша Торкелсон. На табелата во групата „1“ води Данска со шест бодови, по четири Франција и Исланд, по два Холандија, Црна Гора и Хрватска.


