„Црвено-црните“ беа европска сензација, но потоа влегоа во финансиски проблеми/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN
ВИДЕО: Вардар пред четири години го урна Фенербахче, а сега ќе игра во Втората лига
Ф.К.
Пред
На денешен ден, 24 август 2017 година фудбалерите на Вардар испишаа историја со влез во групите на Лига Европа елиминирајќи го Фенербахче во плеј-офот.
„Црвено-црните“ тогаш предводени од тренерот Чедомир Јаневски пред точно четири години на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул со 1:2 триумфираа над турскиот гигант.
Во првиот меч со 2:0 го совлада истиот противник и со вкупни 4:1 стана првата македонска екипа од независноста на нашата земја што успеала да влезе во групна фаза од УЕФА натпреварувањата.
По заминувањето на Сергеј Самсоненко, клубот влезе во големи финансиски проблеми, со долгови кон играчите. Рускиот бизнисмен најави во неколку наврати дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи.
Сето тоа влијаеше и врз резултатите на екипата која падна во понизок ранг и годинава ќе игра во Втората лига – Запад. В среда започнува новата сезона, Вардар во првото коло гостува на Градскиот стадион во Дебар против ФК Кораби и со амбиции оваа сезона да се врати во елитата.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Можеме ли да влијаеме на сопствените мисли и верувања? 2 ВИДЕО | Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Можеме ли да влијаеме на сопствените мисли и верувања? 2 ВИДЕО | Внуката на Трамп …