Нејмар/Santos Futebol Clube

ВИДЕО | Вака нема да оди на Светско првенство: Нејмар прво промаши празен гол, па се расправаше со навивачите

Нејмар има голема желба да добие повик од Карло Анчелоти за Мундијалот кој се игра ова лето, меѓутоа како што стојат работите тоа нема да му биде лесно, а минатата вечер баш и не се прослави.

Во ремито помеѓу Сантос и Депортиво Реколета (1-1) во второто коло од групната фаза во Копа Судамерикана, Нејмар прво на теренот не погоди празен гол, а потоа се расправаше со сопствените навивачи.

Навивачите беа незадоволни со ремито и испраќаа критики, па Нејмар имаше што да им каже.

„Правевме грешки, сите грешиме, едноставно тоа е дел од играта. Имавме многу шанси и не одигравме лошо, навивачите се нервозни и бараат повеќе, меѓутоа тимот игра добро. Фрустрацијата ја разбирам, тоа е дел од фудбалот, меѓутоа некогаш топката едноставно не сака да влезе во гол“, изјави Нејмар.

По дадената изјава Нејмар одново се врати да се расправа со навивачите.

ВИДЕО | Моментот кога Нејмар дозна дека не е на списокот на Бразил: Еј Анчелоти, а јас?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот