ВИДЕО | Моментот кога Нејмар дозна дека не е на списокот на Бразил: Еј Анчелоти, а јас?
Карло Анчелоти пред два дена го објави списокот на Бразил за пријателските наптревари со Хрватска и Франција, а на него не се најде Нејмар, а сега се појави и видео од Бразилецот на кое се гледа колку е разочаран.
Препорачано
Нејмар има голема желба за настап настап на Светското првенство, но засега не добива доверба од селекторот Карло Анчелоти. Сепак, до конечниот список за Мундијалот има уште време, па шансите не се целосно изгубени.
Интересниот момент се случил додека Нејмар беше на масажа и во живо ја следеше прес-конференцијата на која Анчелоти ги соопштуваше имињата на повиканите фудбалери. Кога ги набројуваше напаѓачите, неговото име не се појави, што предизвика спонтана реакција.
„Еј Анчелоти, а јас?“, рече Нејмар смеејќи се, а потоа даде и сериозна изјава.
„Беше соопштен составот на националниот тим. Јас не бев повикан. Јасно е дека сум разочаран. Тоа го кажав и вчера. Но сè е во ред, сега е време да продолжам да работам, да продолжам да напредувам во сè. Ќе имам уште една шанса“.
“Hey Ancelotti… what about me?” 💔
Neymar’s 𝒓𝒆𝒂𝒄𝒕𝒊𝒐𝒏 to Brazil final list exclusion ❌🇧🇷
🎥 @Neymarjr YT channel pic.twitter.com/e15stdQoxR
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 18, 2026


