ВИДЕО: Вајперс ја одбрани титулата во Лигата на шампионите

Норвешкиот Вајперс Кристиансанд во финалето беше подобар од Ѓер/Будимпешта, Унгарија/5 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

Втора година по ред ракометарките на Вајперс Кристиансанд од Норвешка ја освоија титулата европски шампион, откако во финалето на завршниот турнир во Будимпешта беа подобри од Ѓер со 33:31 (15:13).

Домашниот Ѓер имаше голема поддршка од навивачите, имаше подобар старт и стекна предност од 8:5, но Вајперс одигра најдобро што можеше и направи пресврт за 11:14 во финишот на првиот дел.

Со серија од 5:1 на почетокот од продолжението, норвешкиот тим се одвои на максимални 21:17, а Ѓер брзо ја преполови разликата. Но, бранителот на титулата долго време ја чуваше малата предност, играјќи гол за гол, додека во финишот повторно не ја зголеми на „плус четири“ – 29:33. Екипата предводена од Мартин имаше само време да го ублажи поразот.

Повторно најефикасна во редовите на Вајперс беше Јерабкова, која за Мец во полуфиналето постигна 12 гола, сега реализираше седум. Со вкупно 19 погодоци на Ф4 турнирот беше прогласен за МВП. Во поразениот табор најефикасна беше Мете Хансен со шест погодоци.

Третото место го освои екипата на Мец од Франција, со победа над данскиот Есбјерг 32:26 (18:12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот