ВИДЕО | Уругвај на пенали го елиминираше Бразил од Копа Америка
Репрезентацијата на Уругвај се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако по изведувањето на пенали го елиминираше Бразил.
Препорачано
Во регуларните 90 минути немаше голови, а Уругвајците беа подобри во пенал серијата. Играше Бразил и со играч повеќе од 74. минута кога исклучен беше Нахитан Нандез, но ниту тоа не им помогна да дојдат до гол за победа.
Бразилскиот селектор во последните десет минути направи дури пет измени, меѓутоа резултатот не се промени. Кај Бразилците не реализираа Едер Милитао и Даглас Луиз, а погодуваа Андреас Переира и Габриел Мартинели. Во редовите на Уругвај единствен кој не погоди беше Хосе Хименез. Федерико Валверде, Родриго Бентакур, Хорхијан де Араскаета и Мануел Угарте не погрешија.
Битка за пласман во финалето Уругвај ќе води со Колумбија која со 5:0 славеше победа над Панама. Во второто полуфинале играат Аргентина и Канада.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
26мин
-
26мин
-
27мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


