ВИДЕО | Урбанович: Ако се случи војна, тоа нема да остане само на ниво на Украина туку ќе се прошири во светот

Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“
Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“ / Утрински брифинг

За украинскиот народ е болна тема ова што се случува во Украина. Сега во 2022 година Украинците се многу поспремни да се борат ако има обид да се одземе дел од територијата на Украина, за разлика од пред неколку години кога не беа спремни да везат во војна кога Русија стави рака врз украинските области Доњецк и Луганск, вели за Утрински брифинг, Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“.

-Ако се случи војна, тоа нема да остане само на ниво на Украина туку ќе се прошири во светот, вели тој.

Тој вели дека СССР насилно ја приклучил Украина и затоа во 1932-33 година се случи „гладомор“ и додава дека Украинците во 1991 година биле среќни со осамостојувањето и дека нивната цел се Европската унија и НАТО.

-Кога ќе се сретнеме со Руси каде било во Европа, нормално разговараме во повеќето. Ние зборуваме руски јазик и не ни е проблем комуникацијата. Многу често тие ја поддржуваат позицијата на Украина, но тоа не можат да го сторат во Русија оти ќе завршат в затвор, вели Урбанович.

Целите на здружението „Лесја Украинка“ во Македонија е Украинците што живеат тука да си помагаат и да се поддржуваат, заеднички да ги слават празниците.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот