ВИДЕО: У21 надежите започнаа со убедлив пораз од Франција во Ле Ман

Добар старт на македонската У21 репрезентација на турнирот во Хрватска/фото: ФФМ

Македонската млада репрезентација за играчи до 21 година денеска во својот прв натпревар стартуваше со пораз во Ле Ман од репрезентацијата на Франција во рамките од квалификациската група „Х“ за пласман на Европското првенство 2023.

Стрелци на головите за „триколорите“ беа Мбуку во 26 минута, предноста ја зголеми новиот член на Реал Мадрид, Камавинга во 50 минута.

Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од средбата преку Калулу (89`). Сите голови од натпреварот можете да ги погледнете ТУКА

У21 Македонија: Денковски, Јанкулов, Ѓурковски, Божиновски, Антовски (Шеји 75`), Гроздановски (Скендери 69`), Елези, Фазлагиќ (Адем 84`), Воша (Ферати 68`), Чолаковски, Илиевски (Максимов 46`).

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски шанса за освојување на првите бодови ќе имаат на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот