Воени операции во Курск/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT

ВИДЕО | Тројца цивили убиени од украински дронови во Курскиот регион

Во денешните напади со украински беспилотни летала загинаа тројца цивили во рускиот Курски регион, изјави вршителот на должноста гувернер Александар Хинштaјн.

Украинските сили започнаа изненадувачки напад во август 2024 година врз оваа област на границата со Украина, окупирајќи околу 1.400 квадратни километри. Руската армија, од своја страна, спроведува голема офанзива во Украина од 2022 година и окупира речиси 20% од украинската територија.

По месеци борби, Русија кон крајот на април објави дека целосно го ослободила Курскиот регион, но украинскиот претседател Володимир Зеленски увери дека украинските трупи продолжуваат со своите операции таму.

Двајца вработени во земјоделско претпријатие беа убиени утрово во напад со беспилотно летало врз автомобил во близина на селото Шчеголјок, напиша Хинштејн на Телеграм.

Според истиот извор, во сличен напад врз „цивилен автомобил“ во селото Жваное е убиен 53-годишен маж.

„Непријателот продолжува да извршува напади врз нашата територија“, рече Хинштaјн, повикувајќи ги жителите на неговиот регион на „максимална будност“.

По месеци молчење, Русија кон крајот на април призна дека одред севернокорејски војници учествувал во конфронтациите со украинските единици во Курската област.

Русија објави дека ќе почитува тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај по повод годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Украина не даде јасно до знаење дали има намера да го почитува прекинот на огнот објавен од претседателот Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот