ВИДЕО | Трикови како да го одмрзнете автомобилот наутро без мака: „Возач сум 17 години и за ова првпат дознав“

Фото: Профимедиа

Голем број граѓани утрово се разбудиле и сфатиле дека нема да можат толку брзо да тргнат на работа бидејќи нивните автомобили се оковани со мраз, од шофершајбната до ретровизорите и вратите кои не можеле така лесно да ги отворат. Затоа, не е на одмет да повторите неколку трикови кои ќе ги направат студените утра попријатни, бидејќи побрзо ќе влезете во возилото, ќе го вклучите греењето и ќе тргнете.

На ТикТок се појави видео кое изненади многумина, бидејќи во него жена покажува како всушност се користи стругалка за мраз со која го чистиме шофершајбната.

– Овој трик за стружење мраз го научив на ТикТок утрово во 6 часот бидејќи не можев да спијам – рекла Лизи во видеото.

На видеото таа покажува како со едната страна го струга мразот, а потоа ја врти стругалката на другата страна и брзо го отстранува мразот од стаклото.

@xdizzylizzy10♬ original sound – DizzyLiz


Гледајќи го видеото, луѓето во исто време беа и воодушевени и збунети.

„Јас сум возач 17 години и ова првпат го дознав“, коментира некој.

„Не можам да верувам дека не знаев за тоа“, додала една жена.

Меѓу коментарите на нејзината објава се нашол и овој совет: „Најважниот совет е да влезете и да го вклучите автомобилот додека го правите тоа. Оставете го автомобилот да се загрее и да ги одмагли стаклата за да бидете подготвени да возите“, пренесува „Мирор“.

Направете домашен спреј за брзо одмрзнување

Многу е едноставно. Станува збор за течност за одмрзнување со која наутро ќе ги испрскате замрзнатите стакла, мразот брзо ќе омекне и ќе можете лесно да го отстраните, без макотрпно стружење.

Во шише со распрскувач ставете еден литар алкохол, еден децилитар вода и една лажичка детергент за миење садови. Добро измешајте и тоа е тоа. Постои уште една варијанта – во шише со распрскувач измешајте алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

Трик за полесно отворање на вратата

Тука помага WD40. Испрскајте го во бравите на автомобилот и нема да замрзне преку ноќ. А ако сакате да ја заштитите вратата од замрзнување, за да можете без проблем да ја отворите наутро, посегнете по некоја маснотии. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење.

Внимавајте каде паркирате и заштитете ги стаклата

И паметното паркирање спасува од утринско стружење на мразот од возилото. Ако имате можност, паркирајте го така што предниот дел да биде свртен на исток и да не биде блокиран од згради и куќи. На тој начин, првите утрински зраци полека ќе го стопат мразот на шофершајбната, па наутро ќе можете порано да тргнете на работа.

И ставањето картон на стаклата е одличен начин да се спречи формирањето мраз преку ноќ. Наместо картон, можете да ставите и стара крпа.

Ако сакате бришачите да не се залепат за замрзнатото стакло, ставете на нив стари чорапи. Или, едноставно подигнете ги од стаклото, па нема да се залепат.

Надворешните ретровизори на вашиот автомобил нема да замрзнат ако ги „спакувате“ во пластични ќеси. Можете да ги завиткате и со гумена лента.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот