ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Со стил Иван Тричковски ја завршува сезонава во најсилната кипарска лига, со два голови во победата на АЕК Ларнака против Анортозис (0:2).

На еден месец пред почетокот на Европското првенство сигурно овие погодоци се и добра вест за селекторот на македонска А репрезентација Игор Ангеловски.

После серијата порази токму нашиот играч ја врати АЕК Ларнака на победничките патеки, ја тресеше домашната мрежа во 66 и 79 минута од средбата.

Тричковски кој ја заврши сезоната со 16 погодоци го одигра целиот меч, додека Стефан Спировски го одигра второто полувреме.

Потсетување дека нашата сениорска селекција на ЕП се наоѓа во група со Австрија, Украина и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот