ВИДЕО | Трамп ѝ се враќа на крвавата практика: американската војска пак разнесе наводен чамец со дрога, уби четири луѓе
Американската војска соопшти дека вчера убила уште четири луѓе во напад врз чамец во источниот дел на Тихиот Океан, што претставува трет смртоносен напад врз пловни објекти во регионот во рок од четири дена, објави „Гардијан“.
Препорачано
Јужната команда на САД, која ги надгледува воените операции во Латинска Америка и Карибите, ја објави акцијата преку социјалните мрежи, тврдејќи, без да приложи докази, дека убиените биле „нарко-терористи“.
Според податоците на американската војска, овие напади врз чамци од септември наваму одзеле најмалку 174 животи.
Воените претставници постојано тврдат дека целите биле „вклучени во операции за трговија со дрога“, но не објавиле разузнавачки информации или конкретни детали за луѓето за да ги поткрепат тие тврдења.
On April 14, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known… pic.twitter.com/RH5ldx9tN0
— U.S. Southern Command (@Southcom) April 14, 2026
Правни експерти и активисти за човекови права повеќепати ги осудија овие напади како вонсудски убиства што го кршат американското и меѓународното право, нагласувајќи дека војската не може да егзекутира цивили само врз основа на обвинувања.
Објавата на Јужната команда на САД во вторникот содржеше и заматено воздушно видео на кое се гледа експлозија на чамец, со тврдење дека „разузнавањето потврдило дека пловилото се движело по познати рути за трговија со дрога“.
Соопштението користи речиси идентична формулација како и она од понеделникот, кога војската објави дека убила двајца во сличен напад. Во неделата, пак, Јужната команда на САД соопшти дека убила пет луѓе во експлозии на пловни објекти, при што имало еден преживеан.
Доналд Трамп се обидува да ги оправда нападите со тврдење дека САД се во „вооружен конфликт“ со картелите во Латинска Америка. Сепак, претставници на Обединетите нации посочуваат дека меѓународното хуманитарно право не дозволува убивање луѓе обвинети за трговија со дрога и дека војската не презентирала докази дека луѓето на таргетираните чамци претставувале непосредна закана за животите на други луѓе.
ВИДЕО | Америка пак напаѓа наводни чамци со дрога во Пацификот, двајца луѓе загинале


