Трамп и Урсула фон дер Лајен се ракуваа во Ватикан/Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

ВИДЕО | Трамп и Фон дер Лајен само се ракуваа на погребот на папата

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Доналд Трамп се ракуваа и имаа кратко куртоазно си прозборија на плоштадот Свети Петар пред почетокот на погребот на папата Франциск.

Урсула фон дер Лајен на „Икс“ напиша дека имала „добрa размена“ со неколку од лидерите собрани таму, но не спомна ништо за нејзиниот краток разговор со американскиот претседател.

Денеска лидерите од целиот свет се собраа да му оддадат последна почит на Неговата Светост Папата Франциск. Имав добра размена со неколку од нив, напиша таа на Икс покрај фотографиите со Трамп, Макрон и поранешниот индонезиски претседател Јоко Видодо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот