ВИДЕО | Торино и со играч помалку подобар од Милан во Купот на Италија

Фото: Torino Football Club/Тwitter

Непријатно изненадување вечерва во Купот на Италија на своите навивачи им приреди Милан кој го заврши натпреварувањето во осминафиналето.

Имаше шанси Милан, но не ги искористи па така беше поразен со 0:1 по дополнителните 30 минути игра. На избраниците на Пиоли не им беше доволно ниту тоа што од 70. минута имаа играч повеќе на теренот. Втор жолт картон кај Торино заработи Џиџи Кофи.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 114. минута кога Бајеје испрати топка во шеснаесетникот, а добро знаеше да ја искористи Адопо кој ја смести во мрежата.

За Милан ова е првпат по 13 години да биде елиминиран во оваа фаза од Купот на Италија. Торино во четвртфиналето ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Сампдорија и Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот