ВИДЕО | Томас Маркл ја обвини Опра Винфри: Таа ги искористи Меган и Хари за да создаде ново популарно шоу

Instagram
Instagram

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ја обвини Опра Винфри за интервјуто со неговата ќерка и Хари, објавено пред два месеци.

Томас, кој со години не разговара со својата ќерка, сега ја обвинува Опра дека ја искористила емоционалната состојба на негова ќерка во корист на нејзината кариера, а притоа и дека го искористила и принцот Хари, кој како што наведува Томас бил во емотивно истрошен.


„Мислам дека ги искористи за да за создаде ново популарно шоу. Мислам дека таа го користи Хари кој е емоционално ослабен, со тоа што го принудува да зборува работи што едноставно не треба да ги кажува на телевизија“, изјавил Томас во емисијата „60 минути Австралија“.

За време на интервјуто, Меган и Хари направија голем број обвинувања против палатата, вклучувајќи обвинувања за расизам.

По интервјуто, Хари повторно разговараше со Опра на емисијата „The Me You Can’t See“. Таму, тој зборуваше за личните борби по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, во 1997 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Míša Rýznarova (@misaryznarova)

„Бев подготвен да пијам, бев подготвен да користам наркотични средства, бев подготвен да направам работи што ме тераат да чувствувам помалку болка“, признал Хари во емисијата.

ВИДЕО | Таткото на Меган Маркл ја моли за прошка: Ќе се бидам разочаран ако не ја запознаам мојата внука

Меган Маркл ја објави својата прва книга: Темата е трогателна, а посветата открива каков однос има со сопругот

Видео на денот