ВИДЕО | Таткото на Меган Маркл ја моли за прошка: Ќе се бидам разочаран ако не ја запознаам мојата внука

Profimedia
jutjub printskrin + профимедиа od megan

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл се чини дека се обидува на секој можен начин да допре до неговата ќерка со која веќе подолго време не се во добри односи. Имено, тој повторно се огласи преку медиумите по раѓањето на внуката Лилибет…

Имено, таткото на Меган гостуваше во емисијата „60 Мinutes“ и во еден момент за време на интервјуто започна да ја моли Меган за прошка.

Ќе бидам многу разочаран ако не добијам можност да ја држам мојата внука во раце“, рече 76-годишниот Маркл.

Томас не го запознал ниту неговиот внук Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џобсон вели дека не треба да се очекува дека ќе се сретне со некој од нив во блиска иднина.

Во интервјуто, тој изрази збунетост поради нарушените односи со неговата ќерка, затоа што како што тврди, тие порано имале одличната врска со Меган.

Направив грешка и се извинив сто пати за тоа. Но, сепак, ќе разберев ако направив нешто навистина ужасно, но не направив“, додаде тој.

Имено, проблемите меѓу Меган и нејзиниот татко Томас почнале откако тој призна дека ги продал своите фотографии на медиумите пред нејзината венчавка со Хари во 2018 година.

Тоа беше пред две години, но се обидов да надокнадам за сето тоа. Сега сум сме оддалечени само 100 километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи што ги прават моите деца, но ќе ги сакам засекогаш. И јас секако дека ја сакам Меган”, заклучи тој.

ВИДЕО: Таткото на Меган Маркл застана во одбрана на кралското семејство

Таткото на Меган Маркл сака интервју со Опра Винфри: Фотографиран како лично доставува писмо до водителката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот