ВИДЕО | Том Брејди има нова девојка? На дочекот на Нова година снимен со инфлуенсерка
Том Брејди ја дочека 2026 година во друштво на американската инфлуенсерка Аликс Ирл (Alix Earle), а видеото од двајцата предизвика гласини дека се во љубовна врска. Извор за магазинот „Пипл“ изјавил дека тие биле на забава на островот Сен Бартс. Првата вест ја објави „ТМЗ“, а новинарите се обидоа да добијат коментар од Брејди и Ирл, но тие сè уште не се огласиле.
Препорачано
Аликс Ирл во декември минатата година откри дека таа и Бракстон Бериос се разделиле по две години врска:
„Воопшто не беше лесно да се прифати и мислам дека се плашев нешто да кажам затоа што мислев дека тоа ја прави ситуацијата пореална. Јас и Бракстон веќе не сме заедно. Од јуни бевме во врска на далечина“, изјави таа на Тикток.
Том Брејди во 2023 година беше поврзуван со Ирина Шајк по разводот од Жизел Бундхен. Американските медиуми подоцна пишуваа дека тој се забавува со Брукс Надер.
„Тие се гледале ова лето, се сретнувале во различни градови. Станува збор за опуштена врска. Таа има многу активен социјален живот и сака да се забавува, а Том често е со децата и не го сака ноќниот живот“, изјави извор за People.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


