ВИДЕО: Тим од Фарски Острови го елиминираше Ференцварош кој пред три години играше во групите на ЛШ

фото: принтскрин/youtube.com/@movzumuzfutbol

Продолжија натпреварите од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, најголемото изненадување го направи Клаксвик од Фарски Острови.

Во првиот меч немаше голови, а на реваншот Клаксвик на гостувањето оствари сензационален резултат триумфираше со 0:3 против унгарскиот Ференцварош.

Инаку, Ференцварош пред само три години, настапуваше во групната фаза на ЛШ кога играше против гиганти како Јувентус, Барселона и Динамо Киев.

Во второто квалификациско коло на ЛШ е и Астана од Казахстан на македонскиот интернационалец Алекса Амановиќ.

Немаше победник на првиот дуел (1:1), а на возвратната пресметка Астана славеше во Грузија против Динамо Тбилиси со 2:1. Амановиќ запиша асистенција во 50 минута кога Астана израмни на 1:1.

Балкани од Косово запиша победа од 2:0 во првите 90 минути, но тоа не беше доволно бидејќи на реваншот загуби со 4:0 од бугарскиот Лудогорец. Во следната фаза се пласираа и екипите на Олимпија Љубљана, Карабах и Слован Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот