ВИДЕО | Teнзии на Светското клупско првенство: Ќе се степаа фудбалерите на Интер и Ривер
Натпреварот меѓу Интер и Ривер плата, кој заврши со победа на „нераѕурите“ од 2-0, не мина без тензични сцени и инциденти по последниот судиски свиреж. Италијанскиот тим со триумфот обезбеди пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство, додека за Аргентинците ова значеше крај на настапот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тензијата се чувствуваше уште за време на натпреварот, особено откако Ривер остана со двајца фудбалери помалку. Најголемите тензии дојдоа по завршувањето на натпреварот
Фудбалерот на Ривер, Маркос Акуња, реагираше бурно и тргна кон Дензел Думфрис, шт предизвика реакцијата на клупските соиграчи и стручниот штаб на Интер. Кристијан Киву се најде меѓу првите што се обидоа да ја смират ситуацијата, а интервенираа и други фудбалери и обезбедувањето.
Додека фудбалерите се упатуваа кон соблекувалните, навивачите на Ривер, незадоволни од елиминацијата, фрлаа предмети кон играчите на Интер, но за среќа немаше потешко повредени.
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) June 26, 2025
Инцидентите засенија дел од спортската слика, но Интер оди понатаму, додека за Ривер оваа кампања завршува со горчлив вкус и испад во групната фаза.
ВИДЕО | Интер го елиминираше Ривер, осминафинале и за Рамос со Монтереј


