ВИДЕО: Тејтум подобар од Дончиќ, 49 поени на Марканен против Хјустон

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Првиот тим на Истокот, Бостон на гости лесно славеше против Далас со 124:95 и така ја прекина низата од два порази, но и победничката низа на Маверикси од седум победи во НБА лигата.

Џејсон Тејтум имаше 29 поени, 14 скока и 10 асистенции за својот втор трипл-дабл во кариерата, додека Џејлен Браун додаде 19 поени.

Во тимот на Далас повторно најефикасен беше Лука Дончиќ кој постигна 23 поени, но словенечкиот претставник ги промаши сите шест шута за три поени.

Кошаркарите на Јута на гостински терен го победија Хјустон со 131:114, предводени од Лаури Марканен кој постигна 49 поени, што е негов рекорд во кариерата.

Најдобро го следеа Малик Бизли и Џордан Кларксон со по 19 поени, додека кај Хјустон најдобри беа Џејлен Грин со 30 и Кевин Портер со 23 поени.

НБА лига, резултати

Орландо меџик – Мемфис гризлис 115:123
Далас маверикс – Бостон селтикс 95:124
Хјустон рокетс – Јута џез 114:131
Денвер нагетс – Лос Анџелес клиперс 122:91

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот