ВИДЕО | Таравари: И Албанците во Македонија заслужуваат промена на албанската владејачка партија

Арбен Таравари, Алијанса на Албанците / Утрински брифинг
Арбен Таравари, Алијанса на Албанците / Утрински брифинг

Секој ден сум на работа во Гостивар, и во сабота и во недела, но во среда ординирам како лекар во Клиничкиот центар, вели Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

-Во општината се работи, се подготвуваат нови проекти, но имаме проблеми со поскапувањето на струјата што нема да нѐ спречи за понатаму, вели Таравари од Алијанса на Албанците која е најголема опозициска политичка партија од албанскиот блок.

Тој најавува дека конгресот на кој ќе се избира нов лидер на партија на местото на Зијадин Села ќе се одржи на 27 март.

-Ако Села се кандидира јас нема да се кандидирам и тој ќе ја има мојата поддршка, но ако не се кандидира може и да размислам. Со Села имаме одлична соработка, вели Таравари.

Алијанса на Албанците не помина добро на локалните избори. Направени се анализи затоа, вели Таравари, и додава дека е намален квантумот на гласови од 2020 до 2022 година. Таравари коментира дека е различно излегувањето на парламентарни и локални избори, а неговата партија е свесна за грешките и ќе ги исправи. Тој вели дека неговата партија е столбот за интересите на Албанците во Македонија и дека имаат идеи како да ја победат ДУИ на следните избори со соработка со други партии оти нивната цел е промена во албанскиот блок.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот