Жена лице/ Фото: Adobe Stock

ВИДЕО | Светот полуде по методот што ги брише брчките, а бесплатен е: 20 минути на ден за ефектот на ботокс

Оваа техника, која комбинира вежби за лице и елементи на масажа, стана популарна бидејќи ветува поцврста кожа и посвеж изглед без ниту една инјекција.

Поентата е едноставна: исто како што ги тренираме нашите тела, можеме да ги тренираме и мускулите на лицето. Јогата за лице вклучува насочени движења за лицето, вратот и деколтето, кои го стимулираат мускулниот тонус, подобрата циркулација и природното затегнување на кожата. Со редовна практика, лицето може да изгледа поодморено, поцврсто и дефинирано, додека брчките и фините линии стануваат помалку забележливи.

Посебна предност на овој метод е неговиот холистички ефект. Покрај естетските промени, јогата за лице ги опушта напнатите мускули на лицето, го подобрува снабдувањето со кислород на кожата и ја стимулира лимфната дренажа, што придонесува за поздрав и посвеж тен. Покрај тоа е целосно бесплатна и може да се прави дома.

Јога за лице: вежби за почетници

Против брчки на челото: Ставете ги дланките на челото и нежно повлечете ја кожата нанадвор 10 секунди, додека се обидувате да ги соберете веѓите. Вашите раце ќе пружат отпор на движењето.

За да ги подигнете образите: Насмевнете се со затворена уста, ставете ги прстите на врвовите на образите, малку подигнете ги и задржете ја насмевката.

За очи и очни капаци: Отворете ги очите широко како да сте изненадени. Гледајте право напред 5 секунди без да ги кревате веѓите.

За усни и назолабијални брчки: Надујте ги образите и движете го воздухот од едната на другата страна 30 секунди.

За подбрадок: Навалете ја главата малку назад и направете движење како да го бакнувате таванот.

@nadiadassouki Start your day refreshed with my top 3 face yoga exercises! Achieve a rosy glow, reduce under-eye puffiness, and rejuvenate your skin. Don’t forget to use a hydrating oil for a smooth, effective massage 💫 #morningroutine #faceyoga #over40 #glowingskin #beauty #hautpflege #facelift #schönheit #puffy #skincare ♬ Originalton – Nadia Dassouki

Кога ќе ги видите резултатите?

За видливи ефекти, се препорачува вежбање 20-30 минути на ден, три до четири пати неделно. Препорачливо е да се користи крем или масло за полесно движење, а на почетниците им се препорачува да вежбаат пред огледало.

Првите промени може да се забележат по 6 до 8 недели, додека за поизразени резултати се потребни три до четири месеци редовна практика. Како и со секој тренинг, континуитетот е клучен.

Јогата за лице нема да даде моментален ефект како ботоксот, но на долг рок може да придонесе за поцврста кожа, подобар тон на лицето и посвеж изглед, сè на сосема природен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот