ВИДЕО: Суарез го однесе Уругвај на СП и го собори рекордот на Меси

Луис Суарез поставии нов рекорд во квалификациите за СП/ фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез стана најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за Светските првенства откако постигна еден гол гол за својата селекција во победата над Чиле од 0:2 и го собори рекордот на Лионел Меси.


Суарез во 79 минута го отвори резултатот, додека конечниот резултат го постави Валверде во 90 минута. Ова беше 29. гол за Суарез во јужноамериканските квалификации за СП и го престигна Меси кој остана на 28 гола во квалификациите.

Уругвај заедно со Бразил, Аргентина и Еквадор обезбедија директен пласман на Мундијалот во Катар, додека Перу ќе игра во баражот.

Баражот на Перуанците им го донесе победата од 2:0 над Парагвај во последното коло. „Инките“ работата ја завршија уште во првото полувреме со головите на Лападула во петтата минута и Јотун во 42 минута.


Резултати:
Боливија – Бразил 0:4
Чиле – Уругвај 0:2
Еквадор – Аргентина 1:1
Перу – Парагвај 2:0
Венецуела – Колумбија 0:1

Табела: Бразил 45, Аргентина 39, Уругвај 28, Еквадор 26, Перу 24, Колумбија 23, Чиле 19, Парагвај 16, Боливија 15, Венецуела 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот