ВИДЕО: Струга во првиот меч минимално поразена од исландскиот Бреидаблик

фото: F.C. Struga

Во првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига денеска на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид екипата на Струга Трим Лум загуби со 0:1 од Бреидаблик.

Стружани можат да жалат што на крајот не извлекоа поволен резултат, бидејќи имаа повеќе од играта и контрола на топката, поголема иницијатива и убави шанси да се дојде до погодок.

Во 16 минута еден од најдобрите играчи на Струга, Ибраими ја погоди стативата, а претходно иста несреќа имаа и Исланѓаните.

Во првото полувреме актуелниот шампион постигна гол преку Шабани во 28 минута, но истиот беше поништен по ВАР снимката поради прекршок врз противничкиот голман.

Гостите го постигнаа единствениот погодок во 36 минута, невнимание во одбраната на Струга, Гунлаугсон во соло акција се ослободи од неколку домашни фудбалери и прецизно стрелаше во мрежата на Ќосевски.

Со сите сили во вториот дел атакуваше Струга по израмнување, на спротивната страна Бреидаблик воглавно фокусиран на својата половина, и не се ни закануваше сериозно по голот на Ќосевски.

Ибраими имаше шанса и во 53 минута, но повторно Еинарсон не дозволи да биде совладан, а среќа немаше ниту Укпа кој ја погоди пречката во 72 минута.

Во финишот поради втор жолт картон теренот предвреме мораше да го напушти играчот на Струга, Ванѓел Згуро.

Згуро поради црвениот картон ќе го пропушти реваншот кој ќе се игра во Исланд на 31 август, а победникот од овој двомеч ќе игра во групите на Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот