ВИДЕО: Стотици китови се насукаа на брегот на Австралија, 26 починаа на плажата
Морските биолози во четвртокот се тркаа да спасат десетици пилот-китови насукани во плитките води на брегот на западна Австралија.
Околу 160 китови останаа заробени во плитка вода во во Географ Заливот, на околу три часа возење јужно од Перт, соопшти Одделот за биолошка разновидност, конзервација и атракции на Западна Австралија.
Пилот – китовите се познати по тоа што одржуваат цврсти социјални врски, па кога некој ќе наиде на тешкотии и ќе се насука, останатите често следат, објави универзитетот.
„Веројатно има четири јата од околу 160 пилот-китови се распространети на околу 500 метри. За жал, 26 китови кои се насукаа на плажата починаа“, рече портпаролот на одделот во соопштението.
„Тим од искусен персонал, вклучувајќи офицери за дивиот свет, поморски научници, ветеринари се на лице место или на пат“, се вели во соопштението на Службата за паркови и диви животни. Тие ќе се обидат да ги водат пилот-китовите назад во длабоките води.
Сепак, официјалните лица беа загрижени дека многу од суштествата ќе мора да бидат еутаназирани.
„Овие настани обично резултираат со тоа што животните на плажа мора да бидат еутаназирани како најхуман исход“, велат од Службата за диви животни. „Секогаш се надеваме на најдобар исход.
Иако научниците не разбираат целосно зошто се појавуваат, сепак масовните насукувања на пилот-китови не се невообичаени во Австралија и Нов Зеланд.
Во 2022 година, околу 500 пилот-китови умреле по плажата на оддалечените острови Чатам во Нов Зеланд.
Официјалните лица ја повикаа јавноста да не се обидува самостојно да ги спаси китовите.