ВИДЕО: Столе Димитриевски во Топ 5 одбрани на колото во шпанската „Ла Лига“

Столе Димитриевски („Рајо Ваљекано“) на мечот против Осасуна во Памплона/фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Во 17 коло од најсилното шпанско фудбалско првенство составот на Рајо Ваљекано загуби од Осасуна со 1:0 со гол постигнат во самиот финиш од мечот.

До примениот погодок Столе Димитриевски со неколку одлични одбрани го одржуваше својот тим кон поволен резултат.

Една од тие одбрани на македонскиот репрезентативен голман се најде и во изборот на „Ла Лига“.

Нашиот чувар на мрежата е на петтата позиција во изборот (ВИДЕО) во кое се и голманите Серхио Херера (Осасуна), Руи Силва (Реал Бетис), Ињаки Пења (Барселона) и Јан Облак (Атлетико Мадрид).

Новиот меч во шампионатот Рајо ќе го има денеска од 19.00 часот на домашен терен против Валенсија.

Рајо Ваљекано кој моментно е на 11 позиција на табелата со 20 бодови, осум натпревари по ред нема победа во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот