ВИДЕО: Српски тинејџер ѝ даде гол на Англија од половина терен

Младата фудбалска репрезентација на Србија до 19 години приреди изненадување совладувајќи ја селекцијата на Англија со 2-0 во квалификациите за Европско првенство во фудбал во оваа генерација.

На натпреварот одигран во Гимараеш, српските надежи прикажаа зрела и организирана игра, освојувајќи значајни бодови во трката за пласман на завршниот турнир.

Тинејџерот кој настапува во Андерлехт, Михајло Цветковиќ во овој натпревар постигна вистинско ремек-дело. Забележувајќи дека англискиот голман е излезен предалеку од својот гол, тој се одлучи на смел обид од центарот на теренот и со прецизен удар го совлада противничкиот чувар на мрежата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот