ВИДЕО: Српски пратеник се правдаше пред новинари дека не е пијан
Пратеникот на СПС Душан Бајатовиќ докажуваше дека не е пијан откако пријде на новинар кој го прашал дали е во пијана состојба а потоа дувнал во него.
Препорачано
Новинарот го праша пратеникот Бајатовиќ дали има температура, затоа што ако нема, тогаш е во алкохолизирана состојба бидејќи „другите пратеници не се однесуваат така“ и затоа што, како што наведе, самиот е лекуван алкохоличар и го препознава однесувањето, пишува N1.
Бајатовиќ сакаше да одговори на новинарското прашање, во кое го спречи пратеничката Снежана Пауновиќ.
Narodni poslanik SPS Dušan Bajatović je dokazao da nije u alkoholisanom stanju tako što je prišao novinaru koji ga je pitao da li jeste i rekao "hoćeš da dunem" i potom dunuo u njega. pic.twitter.com/WJSJN7PLQT
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 26, 2024
Новинарот го повтори прашањето дали Бајатовиќ има температура, на што Бајатовиќ му пријде за да може новинарот да му ја стави раката на челото и да утврди дека нема температура, што се гледа и на видеото.
Поради наводите дека бил во алкохолизирана состојба, Бајатовиќ се доближи и му дувна на новинарот.


