ВИДЕО: Спектакуларен волеј ни доаѓа од американската МЛС лига!

Фото: EPA-EFE/JOSE VALLE

Новата сезона во американската МЛС започна синоќа, а во центарот на вниманието се наоѓа натпреварот помеѓу Сиетл саундерс и Минесота.

Сиетл одлично ја отвори новата сезона со убедлива победа од 4:0, а вреди да се одвои спектакуларниот погодок на Жоао Пауло.

На почетокот од второто полувреме ја прими одбиената топка и од околу 22-23 метри упати фантастичен волеј во противничката мрежа за водство од 1:0.

Дефинитивно овој гол ќе влезе во конкуренција за најубав погодок на сезоната…

Двапати во листата на стрелците се запиша Рудиаз во период од три минути, а конечниот епилог го постави Монтеро во 86 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот