ВИДЕО | Спасовски: Статистички криминалитетот опаѓа, се сузбива корупцијата, полицијата е ефикасна

Оливер Спасовски министер за внатрешни работи - фото: Дргаган Митрески / Слободен печат

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски презентирајќи слајдови со статистички податоци во студиото на Утрински брифинг, констатираше дека годинава, во однос на истиот период лани јануари – октомври е намален криминалетитет во Македонија

-Зборуваме за споредба во периодот јануари – октомври 2020, во однос на истиот период 2021. Имаме годинава намалување на вкупните кривични дела во однос на 2020. Во 2020 имавме сериозен период од годината во која и стапката е намалена, а таа година е најдобра година во откривачката дејност на полицијата. Регистрирани се 19.282 кривични дела годинава, а во минатата 19.370 кривични дела што е сериозно намалување со оглед на состојбите со пандемиајта. Серозно е намалувањето со оглед на состојбите кои се.Важно е да се нагласи дека се расчистени се целосно 11.745 расчистени кривични дела и стапката на откривачката дејност е 60,91 процент тоа јасно покажува за зголемување на ефикасноста и за сериозниот ангажман на полицијата. Секогаш треба да се стремиме за зголемување на ефикасноста, рече Спасовски.

Досега сузбиени се 7 криминални групи во текот на овој период, од кои 5 инволвирани во недозволена трговија со дрога, по една за криумчарење мигранти и една за бесправна сеча на шума, потенцира министерот.

Во однос на борбата со корупцијата, министерот Спасовски нагласи дека и тука има подобри резултати.

-Откриени се 114 кривични дела од областа на корупција, најголем процент – некаде околу 72 кривични дела се за злоупотреба на службената положба и овластувања, но постојат и други коруптивни дејства поврзани со јавните претпреијатија, администрацијата. Во делот на корупцијата, ако не ги прикажеме резултатите немаме впечаток дека не се преземаат одредна мерки. Зголемување имаме кај откривачката дејност, зголемување од 58,3 проценти во однос на истиот период минатата година, рече Спасовски.

Тој нагласи дека најголем дел од инцијативите за коруптивните дела доаѓаат од МВР, но согласно законот за кривична постапка, се работи за преземање на кривични дела заедно со обвинителот.

Во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога учинокот на МВР е: разбиени се 5 криминални групи, откриени насади со марихуана, две лаборатории во Скопје, извршени се 390 претреси, преземни мерки против 914 сторители и процесуирани се 320 пријави.

Во однос на сообраќајните прекршоци Спасовски нагласи дека во октомври 2020 година регистрирани се 11 жртви во сообраќајот, а годинава 5, што значи дека има помалку жртви во сообраќајот пред се поради зголемената контрола.

-Континурана контрола е наша стратешка цел, зголемена контрола, намалување на бројот на жртвите, материјална штета и тешки телесни повреди во сообраќајот е вечен предизвик. Тука и образованиете мора да има клучна улога во едуцирање на младите луѓе, рече Спасовски.

Тој додаде дека присуството или неприсуството на полицијата предизвикуваа внимание и реакции, позитивни и негативни.

-Ако има многу полиција, зошто има полиција, ако нема реакциите зошто нема повеќе полиција. Најгласни се луѓето кои не се задоволни од одредена состојба и незадоволството го манифестираат на социјалните мрежи и во тој виртуелен свет се создава погрешна перцепција за полицијата, рече Спасовски.

Министерот рече дека од доаѓањето во МВР во 2017 година променил една пракса заради потранспарентна работа на полицијата.

-Дотогаш Министерството не ги објавуваше сите настани, но дадов наредба се што се случува да се објави, за да бидеме транспаренти, и ние сме обврзани да имаме транспарентност, заклучува министерот Спасовски.

Тој се осврна и на борбата против сајбер криминалот каде има стратешко постапување.

-Се изготви стратегија за сајбер безбедност. Во однос на опремата имаме добра опрема, во делот на информатиката и системите, но недостасуваат луѓе и треба да зајакнува овој сектор. Овој процес на откривање на вакви кривични дела мора да биде поставено на едно повисоко ниво, со Јавното обвинителство и препознавање на овие кривични дела и обезбедување на докази, рече Спасовски во гостувањето во Утрински брифинг.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот