Спасовски за копањето криптовалути: Откриени 3 кривични дела, досега пријави за четворица сторители

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи - фото: Дргаган Митрески / Слободен печат

Во однос на актелното прашање со кражба на електрична енергија и нејзино користење за копање на криптовалути, министерот Оливер Спасовски нагласи дека МВР постапува во сите пријави кои ќе стигнат до нив.

-Не е нешто што сега ни се случува. Кривичното дело “кражба на електрична енергија, топлинска и природен гас“ постои од порано во Кривичниот законик. Се откриваат диви приклучици на дистибутивната мрежа без овластување. Еве само во СВР Скопје МВР откри 41 кривично дело по овој член, поднесени се 40 кривини пријави против 45 сторители за кражба на електрична или топлинска енергија и гас, рече Спасовски во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој додаде дека во периодот од јануари до октомври Министерството за внатрешни работи во однос на конкретно копање на криптовалути разоткри три случаи кои се процесуирани со кривични пријави.

-Откриени се три кривични дела за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, и откриени се четворица сторители кои приклучиле компјутерска опрема на дистрибутивната мрежа заради копање на криптовалути, открива министерот.

Според него целосни небулози се тврдењата дека МВР не постапува во тие случаи зошто, според него за кражба на електрична енергија полицијата мора да постапува според пријави и тоа од ЕВН, дистрибутери итн. Се расчистуваат и последните случаи со ГТЦ, Железници и други локации каде е забележано енормно зголемено трошење на електрична енергија што сугерира на процес на копање на криптовалути, дело кое не е пропишано во Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот