Фото: Принтскрин / Јутјуб

ВИДЕО | Создаден е најмалиот пејсмејкер на светот: Апарат кој ги спасува животите на бебињата, а помал е од зрно ориз

Инженерите од Северозападниот универзитет, САД, го развија најмалиот пејсмејкер во светот. Овој апарат кој спасува животи е помал од зрно ориз и може да помине низ игла од шприц за да влезе во телото. Иако може да им помогне на срцата од сите големини, тој е специјално дизајниран за малите, чувствителни срца на бебиња родени со срцеви мани.

Тој е поврзан со мал, мек, флексибилен и безжичен апарат кој се поставува на градите на пациентот за да го следи отчукувањата на срцето, соопштиле од универзитетот.

Кога овој апарат ќе открие неправилен срцев ритам, тој автоматски испраќа пулс за да го активира пејсмејкерот. Овие кратки импулси, кои можат да навлезат во кожата, градната коска и мускулите на пациентот, го контролираат пулсот.

Дизајниран за пациенти на кои им е потребна оваа контрола на срцевиот ритам само привремено, така што пејсмејкерот се раствора во телото кога веќе не е потребен. Сите делови на малиот апарат се биокомпатибилни, така што природно се раствораат во телесните течности и не е потребна хируршка екстракција.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Студијата заовој неветојатен апарат е објавена во списанието „Нејчр“ (Nature) и ја покажува ефективноста на уредот на животински модели, како и на срцата на починатите донатори на органи.

„Го развивме она што, колку што знаеме, е најмалиот и најситниот пејсмејкер во светот. Има потреба од привремени пејсмејкери кога станува збор за детска операција на срце и тука минијатуризацијата е неверојатно важна. Колку помалку напор на телото, колку е помал уредот, толку подобро“, изјавила Џон А. Роџерс.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Игор Ефимов, кардиолог од Универзитетот Нортвестерн и втор лидер на тимот, рече дека нивните деца се главната мотивација за нивната работа.

„Околу 1 процент од децата се раѓаат со срцева мана, без разлика во која земја живеат. Добрата вест е што на овие деца им е потребна само привремена контрола на пулсот по операцијата. По седум дена, срцето на повеќето од нив заздравува самостојно. Но, тие седум дена се апсолутно критични. Сега малиот пејсмејкер на срцето на детето може да ја стимулира работата со помош на мека направа, без потреба од дополнителна операција – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот