ВИДЕО | Сораја стана мајка, роди син и му даде необично име

Фото: Инстаграм

Српската старлета и поранешна водителка Сораја Вучелиќ се породи и на свет го донесе наследникот Кан, а новопечената мајка ексклузивно се огласила за „Република.рс“ и ги споделила првите впечатоци.

Сораја не крие дека е пресреќна, а истакнува дека се чувствува прекрасно и дека ѝ пристигнуваат честитки од сите страни.

– Ви благодарам многу за вашите искрени желби, се чувствувам прекрасно, бебето е супер и јас сум супер, сѐ помина во најдобар ред. Не би коментирала повеќе, се надевам дека ме разбирате, сакам што повеќе да уживам во овој момент, но ќе има можност да се дружиме и да разговараме за сè – ексклузивно изјавила Сораја за „Република“.

Како што наведува „Курир.рс“, иако детето го родила во Цирих, Швајцарија, Сораја со партнерот и нивниот новороден син ќе живее во Русија, поточно во Москва.

– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош за бебето и таму ќе биде нивната база. Таа  ги згасна социјалните мрежи и врти нов животен лист – изјавил изворот за „Курир“.


Инаку, значењето на името Кан е „владетел“, а Сораја партнерот, со кој доби син, го крие од јавноста.

Српската старлета Сораја Вучелиќ е бремена

 

Старлетата Сораја се бори за живот, доживеала тешка сообраќајна несреќа

ФОТО: Сораја полуде во Скопје, поради љубоморното момче избркана од локалот со извици – одбиле да ја платат и сметката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот