ФОТО: Сораја полуде во Скопје, поради љубоморното момче избркана од локалот со извици – одбиле да ја платат и сметката

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатата српска старлета Сораја Вучелиќ и нејзиното ново момче минатиот петок биле исфрлени од кафеана во Скопје, објави српски Курир повикувајќи се на снимка која ја добиле.

Инцидентот се случил кога сопственикот на објектот дошол до нивната маса да ги поздрави, но, тоа на партнерот на Сораја не му се допаднало, објавува порталот и додава дека момчето го избркало газдата од масата по што настанал хаос.

– Штом Сораја влезе со своето момче во локалот, на присутните гости им падна в очи. Со неа беше постар господин кој цело време беше намуртен. Седнаа на слободна маса, а таа се правеше важна. Во еден момент сопственикот на кафеаната дојде да се поздрави со старлетата и со нејзиното момче, но тие го избркаа. Сите бевме зачудени поради нивното однесување. Можеби тој нејзиниот беше љубоморен, а газдата само сакаше да биде учтив и да им посака добредојде дека првпат влегоа кај него во објектот. Меѓутоа, не очекуваше дека ќе доживее непријатност. Кога виде со кого има работа, се заврте и замина, а потоа дојде келнерот кој ги замоли да си заминат од локалот, но пред тоа да ја платат сметката, раскажува соговорникот. Според неговите зборови, Сораја во првиот момент одбила да платат за она што го испиле.

Сораја во кафеана во Скопје/ Фото: Курир.рс

– Беше многу непријатна. Со келнерот  беше човек од обезбедувањето, кој ја следеше ситуацијата. Тој им рече да ја платат сметката и мирно да излезат од кафеаната. Тогаш Сораја полуде. Иронично се насмеа и на келнерот му рече дека нема намера да ја плати сметката зошто таа е голема ѕвезда која никој досега ја нема избркано од угостителски објект. Тоа не и помина зошто момчето од обезбедувањето и порача дека не ги интересира која е таа и дека сметката мора да се плати. Тогаш нејзиното момче ги извади парите, му даде на келнерот во раце, а потоа со придружба излегоа од кафеаната, тврди изворот, кој присуствувал на инцидентот, за што сведочи и снимката која ја поседува српскиот портал.

Иако музиката била гласна, на видеото, според порталот јасно се слушало како гостите кои биле сведоци на оваа непријатна ситуација и дофрлаат на старлетата.

-Ајде излези. Излези, и викале. Таа не реагирала на тоа, ја облекла бундата и лута излегла со своето момче. Седнаа во неговиот џип БМВ Х6 и заминаа во непознат правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот