Фото: Screenshot

ВИДЕО: Соиграч на Елмас сруши светски рекорд, го изведе најсилниот пенал во историјата

Српскиот голман на Наполи, Вања Милинковиќ-Савиќ, е пред историски подвиг, неговиот удар од белата точка на дуелот со Каљари, според првичните анализи, достигнал брзина поголема од 130 километри на час, што би претставувало нов светски рекорд.

Доколку официјалните податоци го потврдат измереното, соиграчот на Елиф Елмас ќе стане рекордер за најсилно изведен пенал во историјата. Интересно е што актуелниот рекорд и понатаму ѝ припаѓа на англиската репрезентативка Кло Кели, чиј силен удар годинава ѝ ја донесе европската титула на Англија. Снимката од моментот веќе кружи на социјалните мрежи и предизвикува голема дебата поради неверојатната сила и брзина со која беше упатен шутот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот