ВИДЕО | Софија Вергара се вакцинираше, фановите не и веруваат: Ова е само лош фотошоп!

Фото: Инстаграм

Софија Вергара на својот Инстаграм профил објави видео кое трае само неколку секунди и во кое е снимено како таа се вакцинира против коронавирусот.

„Го направив тоа за моето семејство, го направив за моите пријатели кои тоа не можат да го сторат поради медицинските третмани кои ги примаат, го направив тоа за да можеме да си го вратиме својот живот. Го направив бидејќи за мене тоа е правилно! За кого би го направиле вие?“, напиша актерката под објавата.

Меѓутоа, коментарите под видеото се поделени.

Едни ја фалеа актерката што ја промовира вакцинацијата. „Честитам“, „Прекрасна порака Софија“, „Ти благодарам што го сподели ова“, пишуваа тие во коментарите.

Меѓутоа, поголем дел од нив сметаат дека видеото е лажно, и дека актерката всушност не се вакцинирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


„Зошто тој не носи маска, ниту ракавици?“, „Зошто тој така ја држи иглата: Зарем неговиот палец не треба да биде на врвот за да ја истисне течноста од вакцината?“, „Не верувам во ова“, „Не си се вакцинирала, видеото е лажно“, „Ова е само лош фотошоп“, гласат обвинувањата под нејзината објава.

Актерката не коментираше по повод обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот