ВИДЕО | Сочна турска пита без кори: Рецептот што го погледнале повеќе од 10 милиони луѓе на сите им успева

Фото: RATİK YEMEK TARİFLERİ/YOUTUBE PRINTSCREEN/

Турските пити и буреци со кори без сомнеж се најпопуларните, но постои варијанта за која тие не ви се потребни, а еднакво се вкусни!

Турската кујна е најпозната во светот по слатките шербетливи колачи и популарните пити од месо или сирење, а оваа варијанта е многу поинтересна и изобилува со вкусни состојки и нема кори.

Постојат многу рецепти за сочни турски пити, а оној којшто пред неколку години беше споделен на популарната платформа Јутјуб привлече најголемо внимание. Досега го погледнале 10 милиони луѓе, а коментарите се позитивни бидејќи во прашање е пита која на сите им успева и е многу вкусна.

Состојки:

– 2 компири
– 2 домари
– 3 зелени пиперки
– 2 млади кромитчиња
– 4 јајца
– 1 лажичка сол
– 100 грама фета сирење
– 1 чаша масло
– 1,5 чаша млеко
– 3,5 шолји брашно
– 2 ќесички прашок за печиво
– рендано сирење

Подготовка:

1. Исечкајте ги на коцки компирите, доматот, зелената пиперка и младиот кромид.

2. Излупете го доматот, па и него иситнете го.

3. Изматете ги добро јајцата, па додадете им го зеленчукот, сечканото сирење, млекото и маслото. Посолете и додадете уште сол по желба, па сè добро помешајте.

4. На крај постепено додавајте брашно, помешано со прашок за печиво, со непрекинато мешање за да не се направат грутки.

5. Сипете ја смесата во калап за печење, подмачкан или обложен со хартија за печење, па печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот