ВИДЕО | Со нов спот и реиздание на албумот „Море без обала“, рокерите „Ван Гог“ прославуваат 35 години постоење на музичката сцена

Музичкото патување на познатата српска рок група „Ван Гог“ долго веќе полни 35 години, од антологиски хитови од осумдесеттите години, преку иновативни повеќедецениски музички и стилски колорити, па се до денешен ден, одбележано е со ново, лимитирано реиздание на нивниот десетти студиски албум под назив – „Море без обала“.

Покрај текстови, песни и досега необјавени фотографии кои ни ги понуди овој албум, ова реиздание е наменето за најголемите обожаватели на „ВанГог“, а во продажба исто така ќе биде пуштена и маичка со новото лого на славниот бенд.

Со албумот достапен во специјално пакување, публиката ќе може да се потсети и на хитовите кои добија и свој свпот, како што се „За сузе нема времена“, „Емотивно миниран“, „Можда баш сад“, „Готово је све“, „Више те не волим ко пре“, а бендот најавува и нов радиски сингл и спот за песната „Какво дивно вече“, во режија на Дејан Сениќ.

Музичкото наследство преточено во рима, акорди и мелодија, спакувано во речиси четири децении, доби спонтан назив „Вангоголија“, а виновници за овој правец и за приказни својствени само за себе – Ѓуле, Србо и Гага, и натаму се подготвени за нови музички предизвици.

Реиздание на албумот „Море без обала“ по повод 35-годишнината од постоењето на бендот

Фронтменот на бендот, Ѕвонимир Ѓукиќ, со задоволство се сеќава на почетокот на својата рокенрол приказна која датира уште од далечната 1986 година. Во текот на минатата година, Ѓуле и својата екипа не пропуштија во студио да ги забележат своите нови музички идеи, кои, како што и самите тврдат, всушност претставуваат основа за идните студиски изданија.

– Албумот „Море без обала“ со ова реиздавање по тишината која ни ја донесе пандемијата, повторно доби ветар во грб. Со ова специјално дизајнирано це-де издание и со новиот спот за песната „Какво дивно вече“ од актуелниот албум, го одбележуваме 35. роденден на бендот. Споменатата песна е воедно и наш следен радиски сингл. Луѓе, едвај чекаме да започнеме со концерти да ве прегрнеме со музика – порача фронтменот Ѓуле.

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ со фронтменот на Ван Гог, Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле

За потсетување, албумот „Море без обала“ својата успешна регионална промоција ја доживеа уште во 2019 година, а во Белград беше промовиран во јуни истата година под назив „Рока Рола“, кога бендот на чело со енергичниот Ѓуле во својот добро познат експлозивен стил ги отсвирија своите антологиски хитови, но и песните од актуелниот студиски албум „Море без обала“.

Новото реиздание на албумот ќе се најде во продажба во подоброснабдените продавници на цедиња, а свој примерок од албум можете и да си порачате преку следниве Фејсбук и Инстаграм страници: instagram.com/fidbox.office и facebook.com/fidbox.lp.cd.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот