ВИДЕО | Снимка од моментот кога фудбалерот Атсу беше извлечен од урнатините

фото: EPA-EFE/Daniel Irungu - Srceenshot

Репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу кој сега настапува за Хатајспор имаше голема среќа и беше извлечен од под урнатините во катастрофата во Турција.

Веднаш по извлекувањето Атсу беше префрлен во најблиската болница, но според информациите иако имал проблеми со дишењето е во добра состојба. На социјалните мрежи сега се појави и видео од неговото извлекување.

30-годишниот Атсу во кариерата која ја запична во Порто настапуваше уште за: Рио Аве, Челси, Витесе, Евертон, Бормут, Малага, Њукасл и Ал Ријад од каде што дојде во Турција. Репрезентативец на Гана е од 2012 година и собра 63 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот