Фудбалерот на Гана Кристијан Атсу пронајден жив во рушевините по земјотресот во Турција

фото: принстскрин/Youtube/Bsports Tv

Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Гана и турскиот прволигаш Хатајспор Кристијан Атсу постигна гол во седмата минута од судиското надополнување за да му донесе победа на својот тим на натпреварот против Касимпаша во неделата.

Како што пишува „Мирор“, поранешниот играч на Челси и Њукасл, Атсу е пронајден жив во рушевините во Турција по катастрофалниот земјотрес.

Фудбалерот од Гана (31) е меѓу исчезнатите по уривањето на станбена зграда во Хатај.

Информациите велат дека Атсу има проблеми со дишењето заедно со неколку повреди, па моментно се наоѓа во болница.

Се очекува наскоро со официјални информации да излезе и клубот на Хатајспор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот