Поранешен фудбалер на Челси под рушевините во Турција – вчера даде гол за победа, денеска се молат за него

фото: EPA-EFE/Daniel Irungu

Последните информации се дека под рушевините по катастрофалниот земјотрес во Турција се наоѓа еден од играчите на тамошните фудбалски клубови, Хатај, поточно Кристијан Атсу (31).

Искусниот фудбалер од Гана неколку часа пред земјотресот постигна гол во 97 минута за победа на неговиот тим против Касимпаша.

Потрагата по него моментално е во тек и сите се молат епилогот да биде позитивен.

Инаку, Атсу е поранешен играч на англиските клубови Челси и Њукасл. Четири години беше член на Челси, но не играше за нив бидејќи го праќаа на разни позајмици. Остави голема трага во Њукасл и одигра повеќе од 100 натпревари.

Последните информации велат дека Атсу бил на деветтиот кат од урнатата зграда со уште девет играчи и две официјални лица. Тројца играчи и еден службеник се спасени. Официјални лица на клубот се на местото додека потрагата продолжува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот