ВИДЕО | Слушнете ја првата песна на „Парни ваљак“ со новиот пејач Игор

По неколкумесечни шпекулации и исчекување, легендарниот бенд „Парни ваљак“ ја претставува новата авторска песна и порачува: „Продолжуваме понатаму“.
„Моја глава, мои правила“ е нивниот нов сингл, со кој како пејач во бендот дебитира музичарот Игор Дрвенкар.
„Ги надминавме дилемите, продолжуваме понатаму, бидејќи без свирење немаме цел. Духот на Аки секогаш ќе биде присутен во нас, а во Игор препознавме одличен човек со кој тргнуваме во нова авантура“, велат членовите на бендот и го потврдуваат продолжувањето на своите активности.
Музиката и текстот за новиот сингл „Моја глава, мои правила“ ги напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус. Песната е напишана пред неколку месеци, кога членовите на бендот одлучиле Игор да биде наследник на непрежалениот Аки Рахимовски.
„Замислете ја ситуацијата одеднаш од публика да се најдете на сцена, со најголемиот бенд на овие простори. Секое утро се штипнувам за да се уверам дека ова не е сон и свесен сум за одговорноста што ја носи оваа улога“, порачува Игор.
ФОТО | „Парни ваљак“ откри кој е наследникот на Аки Рахимовски
ФОТО | Игор Дрвенкар е наследникот на Аки Рахимовски во „Парни ваљак“