ФОТО | Игор Дрвенкар е наследникот на Аки Рахимовски во „Парни ваљак“

Фото: Инстаграм

Аки Рахимовски почина на 21 јануари 2021 во Словенија на 67-годишна возраст. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење. По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.

По повеќе од една година од смртта на легендарниот Аки Рахимовски, групата се чини ја продолжува својата кариера со нов пејач. Се работи за момчето од Подравина, Игор Дрвенкар.

Најпрво се шпекулираше дека достојна замена може да биде синот на Аки, Кики Рахимовски , кој има многу сличен глас на неговиот татко, или пејачот Дино Јелушиќ , кој претходно изјави дека би сакал да работи со Ваљак. Меѓу бројните имиња беше и младиот пејач Филип Рудан, чија младешка страст на сцената неизмерно потсетува на онаа на Аки.

парни ваљак
„Парни ваљак“ / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Но, ниту еден од споменатите тројца нема да биде главен вокал во бендот, бидејќи гласот на пејачот Игор Дрвенкар најмногу „му прилегал“ на бендот, според основачот и автор на повеќето песни на групата Парни ваљак, Хусеин Хасанефендиќ Хус и на останатите членови на Ваљак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGOR DRVENKAR (@igor_drvenkar)


Групата веќе наголемо се подготвува, имаат секојдневни музички проби, имаат снимено неколку песни, чиј автор е, нормално Хус, и наскоро се очекува да излезе и првиот сингл. Во иднина ќе настапуваат под името „Парни Ваљак и Игор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGOR DRVENKAR (@igor_drvenkar)


А, кој е всушност Игор Дрвенкар, кој ќе ја има таа тешка задача да го замени „незаменливиот“ Аки. Игор на пошироката хрватска јавност и е најпознат како еден од најдобрите хрватски млади пејачи , но покрај тоа, тој се занимава и со музичка продукција, компонирање музика за други пејачи, а моментално е ангажиран во проектот на загрепскиот театар Комедија, каде ја игра улогата на Ѕверот во мјузиклот „Убавицата и ѕверот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGOR DRVENKAR (@igor_drvenkar)


Со своите учества во ТВ-шоуто „А страна“, Игор за македонската публика стана омилен поради извонредната интерпретација на песната „Цреша“ од репертоарот на нашиот Тоше Потоа долги години пееше во бендот ГЕА, за да минатата година го напушти бендот и да се посвети на соло кариера.

Една година без Аки Рахимовски: Синот на пејачот објави емотивно видео

Синот на Аки Рахимовски по обвинувањата: Гробното место на татко ми е уредно и одржувано од семејството

Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела за смртта на син ѝ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот