ФОТО | „Парни ваљак“ откри кој е наследникот на Аки Рахимовски

Фото: Фејсбук/„Парни ваљак“

Ненадејната смрт на пејачот Аки Рахимовски, кој беше најпознат по ангажманот во рок групата „Парни ваљак“, ги растажи неговите многубројни обожаватели ширум регионот.

Неговиот моќен глас уште долго ќе одекнува во нашите сеќавања, но се чини дека дојде моментот кога ќе го дознаеме неговиот наследник во групата „Парни ваљак“.

Членовите од музичката група вчера ја најавија нивната нова песна „Моја глава, моја правила“, прва по смртта на нивниот долгогодишен фронтмен, која премиерно ќе ја слушнеме денес во 12 часот.

Во најавата, тие го открија и новиот пејач на групата – младиот хрватски музичар Игор Дрвенкар.

„’Мојата глава, моја правила’ со Игор Дрвенкар. Четврток (23.3), во 12 часот.

Премиерата на нашата нова песна ќе се биде на сите радиостаници ширум регионот, а видеспотот ќе биде објавен на нашиот канал на Јутјуб“, велат од „Парни ваљак“.

Имено, веќе некое време се зборуваше дека Игор Дрвенкар ќе биде новиот пејач на „Парни ваљак“, нешто што и самиот пејач потенцијално го потврди во една своја изјава за „Глас Подравине“.

„Не сум единствен кандидат, само испробуваме. Постојат многу опции, така е во музичките кругови. Мислам дека дури кон средината на март ќе биде објавено кој ќе настапува со нив. Сигурно ќе биде голема чест, кој и да ќе пее со нив“, изјави Игор Дрвенкар за „Глас Подравине“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот