ВИДЕО | Славната комичарка абортирала трипати како средношколка: Училиштето се срами од неа

Фото: Профимедиа

Американската комичарка Челси Хендлер (47)  тврди дека била исклучена од Куќата на славните на нејзиното средно училиште, поради нејзините јавни коментари за абортусот, пишува „Индепендент“.

Комичарката сподели дека имала три абортуси додека одела во средното училиште во Њу Џерси за време на нејзиниот монолог на водител во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“.

Фото: Профимедиа

Хендлер во понеделникот во емисијата, која ја води цела недела откако Кимел е на одмор, открила дека имала три абортуси додека одела во средно училиште во Њу Џерси.

„Дали знаете што имаат да кажат мажите на интернет за тоа?“, прашала таа во емисијата, во вторникот, за изјавата од претходниот ден.

„Нема да кажам бидејќи не ми е грижа“, рекла таа со аплауз од публиката. „Но, моето старо средно училиште го стори тоа“, продолжила Хендлер и рекла дека неодамна дознала дека нејзиното средно училиште „Ливингстон“ во Њу Џерси одбива да ја воведе во Куќата на славните на поранешни студенти.

„Очигледно, училиштето е вознемирено за тоа колку зборувам за моите абортуси, па одлучив да започнам масовна кампања“, истакнала комичарката и ја повикала публиката да напише во коментарите на Твитер, адресирајќи ги на училишниот одбор, да напишат што мислат за „неправдата“ што ѝ е направена.

Бет Мидлер бара да се забрани вијаграта: Ако бременоста е „Божја волја“, тогаш е и вашиот млитав пенис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот