Бет Мидлер бара да се забрани вијаграта: Ако бременоста е „Божја волја“, тогаш е и вашиот млитав пенис

Бет Мидлер 2020, фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Американската комичарка и актерка Бет Мидлер иронично повика на забрана на вијаграта во САД, по одлуката на Врховниот суд за забрана на абортусот во земјата.

„Време е да се забрани вијаграта. Затоа што ако бременоста е „Божја волја“, тогаш е и вашиот млитав пенис“, напиша Бет на „Твитер“, исмејувајќи ја логиката на судската одлука.

Со неа се согласија и бројни следбеници. „Ова е најдоброто нешто што беше кажано“, додаде еден.

Мидлер, која треба да глуми во продолжение на „Hocus Pocus“ на „Дизни“ подоцна оваа година, претходно беше многу гласна во нејзиното несогласување со одлуката на Врховниот суд да го укине уставното право на американските жени на безбеден абортус.

По пресудата, Мидлер на Твитер напиша: „Тие го направија тоа. Ни го направија! Уставниот суд го поништи Роу против Вејд, вграден во Уставот како закон повеќе од 50 години. Како се осмелуваат? „Овој уставен суд е апсолутно глув за волјата, па дури и за реалните потреби на американскиот народ“, рече актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот