ВИДЕО: Славеше како Диего Марадона – се случи нова „Божја рака“ во Италија

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Еден интересен момент се случи на натпреварот помеѓу кадетските екипи на Наполи и Рома, за фудбалери до 16 години.

Овој меч во Италија заврши без победник, со нерешен резултат 2:2, а за еден гол долго ќе се зборува. Римскиот клуб водеше кога во 81 минута беше досуден корнер за младите „наполитанци“.

Младиот Џандиего Пинколо највисоко скокна, но топката не ја зафати со глава, туку со рака, а и на снимката може да се види јасно дека овој погодок не требаше да биде признат.

Главниот судија изненадувачки тоа не го забележа, римската „волчица“ се радуваше, а играчите на Наполи не можеа да поверуваат, бурно реагираа и еден од нив доби дури и жолт картон поради протестите.

На социјалните мрежи веднаш овој гол го поврзаа со незаборавниот погодок на аргентинската легенда Диего Армандо Марадона, поранешен играч на Наполи.

Марадона токму со „Божја рака“ како што беше дефиниран неговиот гол реализираше на Светското првенство во 1986 година во Мексико за неговата селекција против Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот