ВИДЕО | Скандал по трибјутот за Роберт Редфорд: Зошто Џејн Фонда жестоко ја нападна Барбра Стрејсенд?
Џејн Фонда упати остра критика кон Барбра Стрејсенд поради трибјутот за нивниот покоен колега Роберт Редфорд на доделувањето на Оскарите. 88-годишната Фонда била незадоволна што токму Стрејсенд (83) била избрана да го претстави сегментот посветен на Редфорд, кој почина минатата година на 89-годишна возраст, сметајќи дека нејзината соработка со актерот била значително поблиска, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Легендарната актерка истакнала дека таа требало да биде на сцената, бидејќи има снимено дури пет филма со Редфорд – „Неверојатна приказна“, „Потера“, „Боси во паркот“, „Електричниот јавач“ и нивниот последен заеднички проект „Нашите души во ноќта“ од 2017 година. Од друга страна, Стрејсенд глумеше со него само во еден филм, култниот „Какви што бевме (Девојката што ја сакав)“ од 1973 година.
Фонда изјавила за „Ентертејнмент тунајт“:
„Сакам да знам како дојде до тоа Стрејсенд да биде таму и да зборува за Редфорд. Таа има само еден филм со него, јас имам пет“.
Таа додала дека има „многу повеќе да каже“ за него:
„Секогаш бев вљубена во него. Беше најубавиот човек и имаше одлични вредност. Направи многу за филмската индустрија и ги поддржуваше независните филмови“.
Стрејсенд, пак, му оддаде почит на Редфорд со говор и музичка изведба во рамки на „In Memoriam“ сегментот на церемонијата. Таа се присети на нивната соработка:
„Откако го прочитав првото сценарио за ‘Какви што бевме (Девојката што ја сакав)’, можев да замислам само еден човек за улогата – Роберт Редфорд. Но тој ја одби, велејќи дека ликот нема карактер, и беше во право. Потоа направивме измени, а останатото е историја“.


