ВИДЕО | Скандал на српската „Песна за Евровизија 22“: Пресметка помеѓу Аца Лукас и Бајага!

Фото: Инстаграм

Синоќа настанал хаос на изборот за српски претставник на Евровизија откако се појавиле тврдења дека фолк-пејачот Аца Лукас го нападнал рок-пејачот Момчило Бајагиќ Бајага, пишуваат српските медиуми.

Како бомба одекна веста дека музичарите Аца Лукас и Момчило Бајагиќ Бајага се скарале пред почетокот на фестивалот „Песна за Евровизија 22“.

Според извори на српски „Курир“, причина за прозивките биле спротивставените политички ставови.

Бајага му дофрлил на Лукас, а Аца му одговорил:

– Немој сега да те исклоцам – рекол Лукас, рекле извори на „Курир“ од местото на настанот.

Аца потврдил дека Бајага му дофрлил и дека тој одговорил:

– Бајага, поминувајќи покрај мојата гардероба, ми дофрли, а јас на свој начин одговорив на неговата провокација и тој си замина. На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за себеси да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков“, изјавил Лукас откако ја напушти сцената во телефонски разговор за „Курир“.

Лукас ги демантирал наводите дека го нападнал Бајага.

– Тоа не е вистина, глупости. Не го нападнав, нема никави шлаканици – рекол Лукас.

Набргу потоа Бајага се појавил пред претставниците на седмата сила.

– Ништо не се случи! Тоа е измислено. Ништо, немам поим што беше ова – повторувал Бајага пред новинарите.

Оливера Ковачевиќ, уредничката на забавната програма на РТС, веднаш била побарана да ги коментира овие наводи.

– Ништо не видов, не можам да зборувам за тоа, тие се во ВИП, јас не сум таму. Прашајте ги нив, јас не можам да коментирам – рекла Ковачевиќ.

 

Аца Лукас „удри“ по РТС за изборот на песна за „Евровизија“: Не сакаат да одам затоа што не давам пари

Видео на денот